Прочитајте ја Божјата реч: Библијата
- What does this tell you about God?
- What does this tell you about Jesus?
- What does this tell you about people?
- If this is true, what difference would it make in your life?
- Who are five people who you can share your discoveries with?
Лука 7:1-501И кога ги заврши зборовите Свои кон народот, што слушаше, влезе во Капернаум. 2Еден стотник имаше слуга, кого многу го сакаше, а слугата беше тешко болен на умирање. 3Па штом слушна за Исус, ги прати кај Него старешините јудејски, молејќи Го да дојде и да го спаси слугата негов. 4А тие, кога дојдоа кај Исус, Го молеа усрдно и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа, 5зашто го сака нашиот народ и синагогата тој ни ја направи.“ 6И тргна Исус со нив. А кога беа веќе близу до куќата, стотникот ги прати пријателите свои кај Него, говорејќи: „Господи, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив; 7затоа и сам себе не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави; 8зашто и јас сум човек под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ‚Оди!‘ – и тој оди; на другиот: ‚Дојди!‘ – и тој доаѓа; и на слугата свој: ‚Направи тоа‘ – и тој прави.“ 9Штом го слушна тоа, Исус се зачуди и кога се заврте кон народот, што врвеше по Него, рече: „Ви велам, ни во Израел не најдов толку голема вера!“ 10А кога испратените се вратија, го најдоа болниот слуга здрав.
Чудото со синот на една вдовица
11Потоа отиде во градот наречен Наин; и со Него одеа Неговите ученици и многу народ. 12А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа. 13Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па ѝ рече: „Не плачи!“ 14И кога се приближи, се допре до носилото; носачите застанаа, а Тој рече: „Момче, тебе ти велам, стани!“ 15Мртовецот се подигна и седна, па почна да зборува; и Тој го предаде на мајка му. 16И страв ги обзеде сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави меѓу нас“ и „Бог го посети Својот народ.“ 17И се разнесе овој глас за Него по цела Јудеја и по целата околина.
Пратениците на Јован Крстителот
(Мт 11,2-6)
18И му соопштија на Јован учениците негови за сето тоа. 19Јован, пак, повика двајца свои ученици и ги испрати кај Исус, говорејќи: „Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?“ 20И кога дојдоа кај него, тие Му рекоа: „Јован Крстителот нѐ прати кај Тебе, велејќи: ‚Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?‘“ 21Во тој час Тој исцели мнозина од болести, и од рани, и од демони, и на мнозина слепи им подари вид. 22И им одговори Исус и рече: „Одете и кажете му на Јован што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, куци проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедни им се проповеда Евангелието; 23и блажен е оној кој не ќе се соблазни поради Мене.“
Исус говори за Јован Крстител
(Мт 11,7-11)
24А кога си отидоа учениците Јованови, Тој почна да му зборува на народот за Јован: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветар? 25Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што се облекуваат убаво и живеат богато, по царски палати се. 26Туку, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, Јас ви велам, и повеќе од пророк. 27Овој е, за кого што е напишано: ‚Ете, јас го испраќам пред лицето Твое ангелот Мој, што ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘ 28Зашто ви велам: меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител; но најмалиот во царството Божјо е поголем од него.“ 29И сите луѓе, што слушаа, па и цариниците, ја познаа Божјата праведност, крштавајќи се со крштавањето Јованово; 30а фарисеите и закониците ја отфрлија Божјата волја за нив, и не се крстија од него. 31„Со кого да ги споредам луѓето од овој род? И кому се слични? 32Тие личат на деца што седат по пазариштата и викаат едно на друго, велејќи: ‚Ви свиревме, а вие сепак не игравте; ви пеевме жални песни и сепак не плачевте!‘ 33Зашто, дојде Јован Крстителот, кој ниту леб јаде, ниту вино пие, а вие велите: ‚Демонот е во него.‘ 34Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, а вие велите: ‚Еве човек ненаситлив и пијаница, пријател на цариниците и грешниците!‘ 35А Мудроста беше оправдана од сите нејзини чеда.“
Исус и жената грешница
36Еден од фарисеите Го покани да јаде со него; и Тој, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза. 37И ете, една жена од градот, која беше грешница, штом дозна дека Тој седи на трпеза во куќата на фарисејот, донесе сад од алабастер со миро; 38па застана одзади покрај Неговите нозе, плачејќи почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро. 39А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: „Кога Овој би бил пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што Го допира, зашто таа е грешница.“ 40Му одговори Исус и рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.“ А тој рече: „Кажи, Учителе!“ 41Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му должеше петстотини денарии, а другиот педесет. 42Но бидејќи немаа да му вратат, тој им ги подари на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе ќе го милува?“ 43Симон одговори и Му рече: „Мислам оној, кому повеќе му подарил.“ А Тој му рече: „Право пресуди.“ 44И тогаш се сврте кон жената, па му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ни вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри. 45Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои. 46Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои. 47Затоа ти велам: нејзе ѝ се простени многу гревови, зашто покажа многу љубов. А кому му е простено малку, тој мала љубов има.“ 48Нејзе, пак, ѝ рече: „Простени ти се гревовите!“ 49А оние што седеа со Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови простува?“ 50На жената пак ѝ рече: „Верата твоја те спаси; оди си во мир!“








