Read God's Word: the Bible

  • What does this tell you about God?
  • What does this tell you about Jesus?
  • What does this tell you about people?
  • If this is true, what difference would it make in your life?
  • Who are five people who you can share your discoveries with?

Лука 1:1-801Бидејќи мнозина се обидоа да пишуваат за настаните што се случија меѓу нас, 2како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и слу­жители на Словото, 3намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле, 4за да ја препознаеш веродостојноста на учењето, на кое си се учел.
Ангел го објавува раѓањето на Јован Крстител
5Во деновите на Ирод, царот јудејски, живееше еден свештеник по име За­ха­рија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Ели­са­вета. 6И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и по­велби Господови беспрекорно. 7Тие немаа деца, зашто Елисавета бе­ше неротка; а обајцата беа веќе на поод­ми­нати години. 8Еднаш, додека тој по редот на својот свештенички чин служеше пред Бога, 9според обичајот на свештениците, нему му се падна ждрепката да влезе во храмот Господов и да покади. 10За време на кадењето целиот народ се молеше надвор. 11Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник. 12Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде. 13Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е ус­ли­шена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован. 14И ќе бидеш радосен и весел; мнозина ќе се зарадуваат заради неговото ра­ѓање. 15Зашто тој ќе биде голем пред Гос­под и нема да пие вино ни жесток пи­ја­лак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; 16и многу Израелови синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; 17и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорни­те кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“ 18И му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе во поодминати години.“ 19Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радосна вест; 20и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“ 21Народот го чекаше Захарија и се чудеше зошто се забави во храмот. 22А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и така разбраа дека имал ви­дение во храмот. Тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем. 23И штом изминаа деновите на него­ва­та служба, тој се врати дома. 24По тоа време зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи: 25„Така ми направи Господ во дено­ви­те кога погледна на мене за да го симне срамот од мене меѓу луѓето.“
Ангел Господов го објавува скорото Исусово раѓање
26А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, 27кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија. 28И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со те­бе!“ 29А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав. 30И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; 31и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. 32Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот тат­ко Давид; 33и ќе царува над домот Јаковов за­се­когаш, и царувањето Негово нема да има крај.“ 34А Марија му рече на ангелот: „Ка­ко ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ 35Ангелот ѝ одговори и рече: „Свети­от Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. 36Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец; 37зашто кај Бога ниеден збор не оста­нува невозможен.“ 38Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според збо­ровите твои!“ И ангелот си отиде од неа.
Марија во посета кај Елисавета
39А Марија стана во тие дни и поита во ридскиот крај, во градот Јудин; 40па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета. 41Штом го слушна Елисавета поздра­вот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети, 42па извика гласно и рече: „Бла­го­сло­вена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба! 43И од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ? 44Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја. 45И блажена е таа која поверува, заш­то ќе се исполни она, што ѝ рекол Гос­под.“ 46И рече Марија: „Мојата душа Го ве­лича Господа, 47и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, 48зашто ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите по­ко­ле­нија; 49зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име; 50и милоста Негова е од колено на ко­лено за оние што се бојат од Него. 51Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои; 52ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените; 53гладните ги исполни со добра, а бо­гатите ги отпушти празни; 54го прифати Израел, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, 55како што им зборуваше на тат­ков­ците наши, на Авраам и на семето негово довека.“ 56И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.
Раѓањето и обрезанието на Јован Крстител
57А на Елисавета ѝ дојде времето да роди и таа роди син. 58Кога слушнаа оние што живееја околу, и роднините нејзини, дека ја удостоил Господ со Својата милост, се радуваа со неа. 59На осмиот ден дојдоа да го обрезат новороденчето и сакаа да му го дадат името на татко му Захарија. 60Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“ 61Ѝ рекоа нејзе: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“ 62И го прашаа со знаци татко му, ка­ко би сакал да го наречат. 63Тој побара штичка и ги напиша збо­ровите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија. 64И уште во истиот миг му се отвори устата и му се одврза јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога. 65И ги обзеде страв сите што живееја околу; и прикажуваа за сето тоа по целиот крај Јудејски. 66Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И раката Господова беше со не­го.
Благодарствената пророчка песна на пророкот Захарија
67А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи: 68„Благословен да е Господ, Бог Из­раелов, зашто го посети и го избави на­родот Свој; 69и подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга; 70како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци, 71дека ќе нѐ избави од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мра­зат; 72за да ја пројави Својата милост над татковците наши и да се сети на светиот завет Свој, 73на заклетвата, со која му се заколна на Авраам, нашиот татко; 74дека ќе ни даде, штом нѐ избави од непријателите наши, 75без страв да Му служиме, во светост и правда пред Него, преку целиот наш живот. 76А ти, дете, ќе се на­ре­чеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Го­спо­довото лице за да Му ги приготвиш патиштата Негови; 77и да му дадеш на народот Негов сознание за спасение, преку прош­те­ва­ње на гревовите нивни, 78заради големото милосрдие на на­шиот Бог, со која нѐ посети Исток од висините, 79за да им блесне на оние што седат во темнина и во сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.“ 80А детето растеше и крепнеше со духот; и живееше во пустина до денот кога им се јави на Израелците.

Read More