Прочитајте ја Божјата реч: Библијата

  • What does this tell you about God?
  • What does this tell you about Jesus?
  • What does this tell you about people?
  • If this is true, what difference would it make in your life?
  • Who are five people who you can share your discoveries with?

Лука 5:1-391Еднаш, кога народот се притис­каше кон Него за да го чуе словото Божјо, Тој стоеше покрај Гени­са­ретското езеро. 2Тогаш виде два кораба што стоеја покрај езерото; а рибарите беа излегле од нив и си ги плавеа мрежите. 3Тој влезе во еден од корабите, кој бе­ше на Симон, па го замоли да отплови малку од брегот, па седна и почна да го поучува народот од коработ. 4А штом престана да говори, му рече на Симон: „Заплови кон длабочините и фрлете ги мрежите свои за лов!“ 5Но Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ниш­то не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.“ 6И штом го направи тоа, тие уловија толку големо количество риба, што ду­ри и мрежата им се скина. 7Им дадоа знак на другарите што беа во другиот кораб да дојдат и да им по­могнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба, така што за малку ќе по­тонеа. 8А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“ 9Зашто него, и сите што беа со него, ги беше обзел страв од многуте риби, што ги уловија, 10а исто така и Јаков и Јован, си­но­ви­те Заведееви, кои му беа другари на Си­мон. И му рече Исус на Симон: „Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе!“ 11Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сѐ и тргнаа по Него.
Исцелувањето на лепрозниот
(Мт 8,1-4; Мк 1,40-45)
12А кога беше Исус во еден град, дој­де некој човек, сиот лепрозен, и штом Го виде Исус, падна ничкум и молејќи Му се, рече: „Господи, ако сакаш мо­жеш да ме очистиш.“ 13Исус, подавајќи ја раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата падна од него. 14И му заповеда никому да не кажува; и му рече: „Оди и покажи му се на свеш­теникот, и принеси дар за очистувањето твое, како што одредил Мојсеј, ним за сведоштво!“ 15Но уште повеќе се разнесуваше глас за Него и многу луѓе доаѓаа да Го слушаат и да бидат излечени од своите болести. 16А Тој се повлекуваше во осамени места и се молеше.
Исцелувањето на фатениот човек
(Мт 9,1-8; Мк 2,1-12)
17Еден ден, додека Тој поучуваше, се­деа таму фарисеи и законоучители, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Ју­деја, и од Ерусалим; а Тој имаше сила Господова да лекува. 18И, ете, некои донесоа на постела еден човек, што беше неподвижен, и са­каа да го внесат и положат пред Него; 19па, бидејќи не најдоа место од каде да го внесат поради народот, се качија на куќата и преку покривот го спуштија сосе постела, насреде, пред Исус. 20А Тој, штом ја виде верата нивна, рече: „Човеку, ти се простуваат гре­во­вите!“ 21Книжниците, пак, и фарисеите поч­наа да размислуваат и да велат: „Кој е Овој што хули на Бога? Кој може да ги простува гревовите, освен Единиот Бог?“ 22А Исус, кога ги разбра нивните по­мисли, им одговори и рече: „Што раз­мислувате во срцата свои? 23Што е полесно да се каже: ‚Ти се прос­туваат гревовите‘, или да кажам: ‚Стани и оди?‘ 24Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да ги простува гревовите.“ Му рече на неподвижниот: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ 25И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде до­ма, славејќи Го Бога. 26Ужас ги обзеде сите и Го славеа Бо­га; па, исполнети со страв, говореа: „Чудни работи видовме денес!“
Гозбата кај Левиј
(Мт 9,9-17; Мк 2,13-17)
27А потоа излезе Исус и виде еден цариник, по име Левиј, кој се­де­ше во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ 28Тој остави сѐ, стана и тргна по Не­го. 29И во својот дом Левиј Му приготви го­лема гозба; а таму имаше многу цариници и други што седеа на трпезата со нив. 30Книжниците, пак, и фарисеите не­годуваа против Него и им говореа на учениците Негови: „Зошто со цариници и грешници јадете и пиете?“ 31Исус им одговори и рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните; 32не сум дошол да ги повикам праведните на покајание, туку грешните.“
За постот
(Мт 5,14-15; Мк 2,18-20)
33А тие Му рекоа: „Зошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“ 34Тој им рече: „Зар можете да ги на­те­рате сватовите да постат, додека е со нив младоженецот? 35Но ќе дојдат дни кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш во тие дни, ќе постат.“
Старото и новото
(Мт 9,16-17; Мк 2,21-22)
36Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа от­се­чена од нова облека; зашто и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа. 37И никој не налива ново вино во ста­ри мевови; зашто новото вино ќе ги рас­це­пи мевовите, и тоа ќе истече, а ме­во­вите ќе се упропастат; 38туку, ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се зачува и ед­ното и другото. 39И никој, откако пиел старо вино, нема да побара ново; зашто вели: ‚Ста­рото е подобро.‘“

Read More