Прочитајте ја Божјата реч: Библијата
- What does this tell you about God?
- What does this tell you about Jesus?
- What does this tell you about people?
- If this is true, what difference would it make in your life?
- Who are five people who you can share your discoveries with?
Лука 19:1-481Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. 2И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на цариниците, и беше богат, 3настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. 4Затоа потрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да помине. 5Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.“ 6И тој веднаш слезе и Го прими со радост. 7И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќа на грешен човек.“ 8А Закхеј застана и Му рече на Господ: „Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто, четворно ќе го вратам.“ 9А Исус му рече: „Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син Авраамов. 10Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е загубено.“
Парабола за доверените златници
(Мт 25,14-30)
11А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека набргу ќе се појави царството Божјо, 12па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати. 13Тогаш ги повика своите десет слуги, им даде десет мини и им рече: ‚Тргувајте со нив, додека да се вратам!‘ 14Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: ‚Нејќеме тој да царува над нас.‘ 15А кога се врати, по примањето на царската власт, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им ги беше дал парите, за да види, кој колку спечалил. 16Дојде првиот и му рече: ‚Господаре, твојата мина заработи десет мини.‘ 17И му рече: ‚Добро, верен слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘ 18Дојде вториот и рече: ‚Господаре, твојата мина заработи пет мини.‘ 19А тој и нему му рече: ‚И ти биди – над пет градови.‘ 20И друг дојде, велејќи: ‚Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував в крпа, 21зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш, каде што не си сеел.‘ 22А господарот му рече: ‚Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум жесток човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам, каде што не сум сеел; 23тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците, та кога ќе се вратам, да си го соберам сосе добивка?‘ 24Па им рече на присутните: ‚Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!‘ 25И му рекоа: ‚Господаре, тој има десет мини!‘ 26Ви велам дека секому што има ќе му се придаде; а од оној што нема, ќе му се одземе и она што го има. 27А оние мои непријатели, што не сакаат да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене!“
Исусовото свечено влегување во Ерусалим
(Мт 21,1-11; Мк 11,1; Јн 12,12-19)
28Кога го рече тоа, Тој тргна понатаму, искачувајќи се кон Ерусалим. 29И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до таканаречената Маслинова Гора, испрати два ученика, 30велејќи: „Одете во селоно отспротива. Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано магаре, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го! 31И ако ве праша некој: ‚Зошто го одврзувате?‘ Кажете му вака: ‚Тоа Му е потребно на Господ.‘“ 32Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол. 33И кога го одврзуваа магарето, стопаните им рекоа: „Зошто го одврзувате магарето?“ 34Тие одговорија: „Потребно Му е на Господ.“ 35И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија облеките свои на магарето, Му помогнаа на Исус да се качи. 36И додека минуваше Тој, ги постилаа своите наметки по патот. 37А кога наближи до местото од каде што се слегува од Маслиновата Гора#19,37 Елеонска Гора, сето мноштво ученици почна радосно да Го прославува Бога со висок глас, за сите чуда што ги видоа, 38велејќи: „Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава во висините!“ 39А некои фарисеи од народот Му рекоа: „Учителе, забрани им на учениците Твои!“ 40Но Тој им одговори и рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“
Исус плаче за Ерусалим
41А кога се приближи и го виде градот, заплака над него 42и рече: „Кога би можел во овој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа е сега сокриено од твоите очи. 43Зашто ќе дојдат денови за тебе и непријателите твои ќе те опкружат со ровови и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите страни; 44и ќе те срамнат со земјата тебе и ќе ги избијат децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше посетен.“
Исус во храмот
(Мт 21,12-17; Мк 11,15-19; Јн 2,13-22)
45И кога влезе во храмот, почна да ги гони оние што продаваа и купуваа во него, 46велејќи: „Напишано е: ‚Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.‘“ 47И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците и книжниците, и старешините народни, настојуваа да го погубат, 48но не пронајдоа како да Му го направат тоа, зашто сиот народ Го слушаше со големо внимание.








