Прочитајте ја Божјата реч: Библијата
- What does this tell you about God?
- What does this tell you about Jesus?
- What does this tell you about people?
- If this is true, what difference would it make in your life?
- Who are five people who you can share your discoveries with?
Лука 13:1-351Во истото време беа присутни и некои, кои Го известија за настанот со Галилејците, чија крв Пилат ја смешал со нивните жртви. 2Исус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци биле најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа? 3Не, ви велам: но, ако не се покаете, сите така ќе изгинете! 4Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни должници од сите други што живеат во Ерусалим? 5Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“
Парабола за неплодната смоква
6И ја кажа оваа парабола: „Некој човек имаше во своето лозје посадено една смоква, па дојде да бара од неа плод, но не најде. 7Тогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата.‘ 8А тој му одговори и рече: ‚Господаре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре; 9па, ако роди, добро, а ако не даде плод, тогаш в година ќе ја пресечеш.‘“
Исцелувањето на згрчената жена
10Во една од синагогите Тој поучуваше во сабота. 11И ете, дојде една жена која беше обземена од дух што ѝ предизвикуваше немоќ веќе осумнаесет години. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи; 12штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: „Жено, ослободена си од болеста своја.“ 13И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. 14А началникот на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во сабота!“ 15Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? 16А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, зарем не требаше да се ослободи од тие ланци во сабота?“ 17И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот народ се радуваше за сите славни дела извршени од Него.
Парабола за синаповото зрно
(Мт 13,31-32; Мк 4,30-32)
18А Тој рече: „На што прилега царството Божјо и со што да го споредам? 19Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува големо дрво; па и птиците небески си прават гнезда на неговите гранки.“
Споредба со квасецот
(Мт 13,33)
20И пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо? 21Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, додека скисне сето.“
Тесната врата
(Мт 7,13-14, 21-23)
22И по патот за Ерусалим минеше низ градови и села и поучуваше. 23Некој, пак, Му рече: „Господи, малку ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој рече: 24„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат. 25Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ‚Не ве знам од каде сте!‘ 26Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘ 27А Тој ќе рече: ‚Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘ 28Таму ќе настане плач и шкрипење со заби, кога ќе го видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божјо, а себе – истерани надвор. 29И ќе дојдат од исток и запад, и север и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо. 30И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“
Исус и Ерусалим
(Мт 23,37-39)
31Во тој ден пристапија некои од фарисеите и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“ 32И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам демони и исцелувам уште денес и утре – а на третиот ден ќе завршам; 33но Јас треба да го проследам Своето патување уште денес, утре и задутре, бидејќи не доликува пророк да загине надвор од Ерусалим. 34Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш оние што ти се пратеници твои. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте. 35И ете, домот ваш ќе ви биде напуштен. И Јас ви велам дека нема да Ме видите сѐ додека не дојде времето да кажете: ‚Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!‘“








